Грушко: Вашингтон се обидува да го направи НАТО светски полицаец

Од:

Вашингтон се обидува да ја искористи наводната руска закана кон Африка, со цел НАТО да го направи светски полицаец, изјави денеска заменик министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко.

Според него, глобалните амбиции на Алијансата довеле до катастрофални последици во Африка и на Блискиот исток, јавија руски медиуми.

Претходно, министрите за одбрана на Шпанија и на Велика Британија, тврдеа дека паралелно со ситуацијата во Украина, ширење на влијанието и на активностите на Русија во Африка, е, „загрижувачка закана“ по безбедноста на земјите во НАТО и оти воената алијанса мора да го реши ова прашање.

– Ваквите соопштенија се согласно настојувањата на Вашингтон, кој се обидува да го глобализира НАТО и да му додели функција на светски полицаец, далеку надвор од првобитната област на одговорност на Северноатлантската алијанса. Белата куќа, пред сè, е заинтересирана за придружување на Алијансата во ограничување на Кина. Токму во тоа е главната цел на регионалните проекти на САД за зајакнување на безбедноста во индо-пацифичкиот простор, оцени рускиот дипломат.

Како што тој смета, кога е во прашање Африка, катастрофалните последици од глобалните амбиции на НАТО уште долго ќе се чувствуваат во Ирак, Либија, Сирија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина