Грушко: Русија не планира проактивно да ги затвори амбасадите во Европа

Од:

Русија не планира проактивно да ги затвори своите амбасади во Европа како одговор на непријателските мерки на Запад и проширувањето на санкциите против Москва, изјави заменик министерот за надворешни работи Александар Грушко.

„Тоа не е во нашата традиција. Сметаме дека работата на дипломатските претставништва е важна“, изјави Грушко.

Амбасадорот на Русија во Полска, Сергеј Андреев, беше полеан со црвена боја на годишниот настан на Денот на победата во чест на крајот на Втората светска војна.

Дипломатот и неколкумина случајни минувачи беа полеани со црвена боја додека Андреев се обидуваше да положи венец на гробиштата на советските војници во Варшава.

Москва потоа испрати силна протестна нота.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски