Група мигранти спасени на море е најголемото жариште на коронавирусот на Малта од почетокот на пандемијата

Од:

Во група од 94 мигранти спасени на море и доведени на Малта, 65, или повеќе од две третини се позитивни на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство на Малта.

Тоа е најголемото жариште откриено на Малта од почетокот на епидемијата на коронавирусот што избувна на 7 март. Националноста на заразените се уште не е објавена.

Министерството за здравство соопшти дека конечната бројка на заразени може да биде и поголема, затоа што досега биле тестирани само 85 мигранти.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто