Група девојчиња со часови мачеле 13-годишно девојче во Германија, и гаселе цигари на лицето, па и ја запалиле косата

Од:

На Шлезвиг-Холштајн Хит во областа Дитмаршен (Германија), група девојчиња на возраст од 14 до 17-години, наводно, со часови мачеле 13-годишно девојче – и сето тоа го снимиле.

Насилните девочиња и истуриле кока-кола врз главата, и гаселе цигари на лицето, и ја запалиле косата, а додека девојката се обидувала да стане, едно од насилните девојчиња почнало да и вика: Седни и моли ми се. Нема да те пуштам така лесно!“. Девојчето плачело и ги молело девојките да не ја удираат по нос, но тие не престанувале. Ова прв го објави Schleswig-Holsteinische Zeitung (SHZ).

Оваа страшна тортура се случила на крајот на февруари, но мајката на девојчето решила да проговори за се дури сега за да ја предупреди јавноста за се поголемиот проблем со насилството што се јавува кај младите.

Полицијата ги идентификувала напаѓачите. Мајката на девојчето рекла дека мачењето било прекинато благодарение на храбрата интервенција на случаен минувач.

“Тој ја препозна опасноста во која е ќерка ми. Многу сме му благодарни”, рекла мајката.

Напаѓачите побегнале кога ја виделе полициската патрола. Сепак, сите тие се идентификувани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Олаф Шолц исвиркан: „Лажго, бандит“

Ана Ололовска

Германија: Тинејџер прогласен за мозочно мртов по фудбалска тепачка

Ана Ололовска

ВИДЕО: Турците во Германија ја славеа победата на Ердоган

Германија повлекува над сто владини службеници од Русија по одлуката на Москва

Брат и сестра осомничени дека со другари го организирале убиството на нивниот татко

Горан Наумовски

Хрватска државјанка во Германија убиена од нејзиниот син: „Ја избодев со нож, па повикав брза помош“

Ана Ололовска