Гроси: Ситуацијата во нуклеарната централа „Запорожје“ се влошува

Од:

Ситуацијата во украинската нуклеарна централа „Запорожје“ дополнително се влошува, предупреди денеска генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, во мигови кога Украинците ги обвинија руските сили дека повторно ја гранитираат централата.

„Ситуацијата се влошува и не можеме да си дозволиме луксуз да чекаме да се случи катастрофа“, рече Гроси по состанокот со францускиот претставник во ОН, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон кој учествува на годишното заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Директорот на МААЕ изјави дека за ситуацијата разговарал и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, со кого се сретнал утрово во седиштето на ОН.

„Се додека продолжува бомбардирањето, ризиците се огромни“, предупреди Гроси.

Украинскиот нуклеарен оператор„ Енергоатом“ денеска ја обвини Русија дека повторно гранатирала локација во најголемата нуклеарна централа во Европа.

Во бомбардирањето бил оштетен далновод, поради што неколку трансформатори на еден од шесте реактори, што довело до активирање на генераторите за итни случаи, соопшти „Енергоатом“.

„Дури и присуството на инспектори од Меѓународната агенција за атомска енергија не ги спречува Русите“, се посочува во соопштението, во кое истовремено се бара МААЕ да преземе „порешителна акција” против Москва.

Украинските власти соопштија дека радијацијата кај централата не ги надминува предвидените норми.

„Дури и во најлоши услови, дипломатијата никогаш не треба да запре. Наша одговорност е тоа да го направиме со прагматични и реални предлози и се обидуваме да го направиме тоа“, рече Гроси.

Француската министерка за надворешни работи Катрин Колона изјави дека целта е „демилитаризација на капацитетот во рамки на украинскиот суверенитет“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ

Стигна порака: „Новата американска помош нема ништо да смени во Украина“