Гроси: Иран може да направи повеќе од една нуклеарна бомба, што не значи дека прави

Од:

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денеска изјави дека е разочаран што организацијата што ја предводи не била во можност да врши надзор врз иранската нуклеарна програма веќе две години.

– Иран има доволно материјал за да создаде повеќе од една нуклеарна бомба. Но, тоа не значи дека го прават, само дека е потребна целосна транспарентност, изјави тој на Политехничкиот универзитет во Милано,

Тој изјави дека МААЕ продолжува да работи на контрола на употребата на нуклеарни материјали од страна на Иран.

– За жал, од февруари 2021 година, Иран не ги исполни своите обврски, така што речиси две години МААЕ не врши инспекции кога станува збор за збогатениот ураниум, додаде Гроси.

Во интервју за италијанскиот весник „Република“, директорот на МААЕ рече дека „ситуацијата со Иран во моментов е сложена“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Извештај на ОН: Иран е одговорен за насилството што доведе до смрт на Махса Амини

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Иран

Горан Наумовски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Иран ги осуди последните напади на САД и Велика Британија врз Јемен

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“

Раиси: Иран ќе продолжи мирно да ја развива својата нуклеарна програма

Горан Наумовски