Гриво се повлече од градоначалничката трка во Париз поради секс-скандал

Од:

Бенжамен Гриво, поранешниот портпарол на француската Влада и член на француската партијата „Републиката напред“ (РЕМ), денеска се повлече од трката за градоначалник на Париз откако на интернет се појави компромитирачко видео од сексуална природа.

По повлекувањето на Гриво, партијата РЕМ на францускиот претседател Емануел Макрон остана без кандидат за градоначалник на локалните избори следниот месец.

Гриво се повлече од трката за градоначалник утрово, наведувајќи дека бил мета на „злобни напади“ на интернет и социјалните мрежи.

– Моето семејство не го заслужува ова. Никој никогаш не треба да биде мета на такво злосторство, изјави Гриво.

Видео записот содржи пораки упатени кон жена, што наводно ги испратил Гриво.

Видео записот потоа се проширил на социјалните медиуми.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано