Гришам: Одобрувањето на обвиненијата за импичмент на Трамп е очајна шарада

Од:

Портпаролката на Белата куќа Стефани Гришам постапката за одобрување на обвиненијата за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп од страна на Комитетот на Претставничкиот дом ја оцени како „очајна шарада“.

Таа додаде дека претседателот Трамп со нетрпение очекува да има фер третман и правен процес во Сенатот, „што и натаму му е ускратено од Претставничкиот дом“.

Републиканецот Даг Колинс од Џорџија изјави дека ќе има различни мислења за тоа.

Демократите тврдат дека Трамп се однесувал недолично кон Русија уште од предизборната кампања во 2016 година, што ја истражуваше специјалниот обвинител Роберт Малер.

Тие наведуваат дека неговото дејствување со Украина и користело на Русија, а не на САД и дека мора да биде спречен повторно да ги „расипе“ американските избори и „со измама да дојде до втор мандат“ наредната година.

– Итно е, рече претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси.

Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот Мич Меконел изјави дека нема шанси претседателот да биде сменет од функцијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски