Гринпис разви огромен транспарент на кранот над Богородичната црква во Париз

Од:

Неколку активисти од Гринпис Франција изутринава на кранот кој служи за реконструкцијата на на Нотр Дам-де-Париз развија огромен транспарент, со кој ја осудуваат климатската неактивност на Франција и Емануел Макрон, јави дописникот на МИА.

Акцијата започна околу 6 часот наутро, кога четворица активисти се искачија на огромниот кран, висок скоро 80 метри.

На транспарентот пишува „Клима: наакти “, додека ден од алпинистите, кој виси на кранот држи втор транспарент на кој пишува „Клима, Макрон, Нотр-Драма“.

-Оваа порака е упатена до Емануел Макрон и неговата влада, за да се осуди нивната климатска неактивност“, објасни за Франссинфо генералниот директор на Гринпис Франција, Жан-Франсоа Жулиард.тг/

Според Гринпис постои јаз помеѓу ветувањата и реалноста на актите, кои се недоволни за време на климатската криза. Слушаме многу како Емануел Макрон и ветува, но во актите тоа реално не се гледа.

-Ја избравме Нотр-Дам-де Париз затоа што е симболичен споменик на Париз, амблематичен за Франција. Ова е можност да испратиме силна порака до сите Французи, па дури и преку границите затоа што сите го знаат овој споменик. На нас ни се чинеше интересно да се користи ова симболично место во Франција за да ја пренесеме оваа порака , додава Жан-Франсоа Жулијард.

Би можело да ве интересира

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Франција абортусот го прогласи за уставно право

ВИДЕО: Во Франција горат 900 тони литиумски батерии

Во Франција, бројот на случаи на сифилис се зголеми за 110% за две години