Гринпис: Прекумерно загадување во 2020. во три четвртини од државите во светот и покрај рестрикциите

Од:

Во три четвртини од земјите во 2020 година е забележано прекумерно загадување и покрај значителното ограничување на изворите на загадувачи поради пандемијата, се вели во извештајот на еколошката организација Гринпис.

Извештајот за квалитетот на воздухот, составен од Гринпис и IQAir AirVisual, ги анализира податоците за загадувањето на воздухот собрани во десетици илјади набљудувачки центри.

Извештајот ја мери концентрацијата на ПМ 2,5 микрочестички, мали честички во воздухот со дијаметар од 2,5 микрони, кои се особено штетни за здравјето на луѓето.

Од 106 земји со достапни податоци, само 24 ги исполнија стандардите на Светската здравствена организација (СЗО) кога станува збор за ПМ 2,5. Овие честички влегуваат во крвотокот преку белите дробови и се причина за астма, рак на белите дробови или срцеви заболувања.

PM 2.5 се создава од песочни бури, шумски пожари, земјоделство, индустрија и согорување на фосилни горива.

Многу делови на светот забележаа привремено подобрување на квалитетот на воздухот во 2020 година, но само привремено, „поради ограничувања поради пандемијата на коронавирусот што доведе до нагло опаѓање на потрошувачката на фосилни горива“, рече Лора Миливирта од Центарот за енергија и Истражување на воздухот, што исто така учествуваше во изработката на студијата.

Како и претходните години, Јужна и Источна Азија се најпогодени од загадувањето со ПМ 2,5 во 2020 година – Бангладеш, Индија и Пакистан имаат 42 од 50-те најзагадени градови во светот, или 49 од 50 ако Кина се додаде на списокот. Подобрување, сепак, е забележано во 86 проценти од градовите во Кина.

Меѓу главните градови, Њу Делхи беше најзагаден (како во 2019 година). Следат Дака, Улан Батор, Кабул и Доха. Исламабад е 11-ти, Пекинг 15-ти на таа листа.

Од друга страна, Стокхолм, Хелсинки и Велингтон се главните градови најмалку погодени од загадувањето.

САД беа исклучок минатата година и забележаа зголемување на загадувањето со ПМ 2,5 од 6,7 проценти, што беше последица на пожарот на северозападот на земјата. Околу 38 проценти од американските градови не ги исполнуваа стандардите на СЗО 2020, наспроти 21 процент во 2019 година.

Во Европа, најзагаден беше полскиот град Ожеше, зад него Сараево. Скопје е на 74 место.

Би можело да ве интересира

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Стојковски: Несовесни граѓани во моментот се главните причинители за загадување на воздухот

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо против загадениот воздух во Скопје,

Катерина Ѓуровски

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов