Грета Тунберг се очекува во Брисел да учествува на министерски состанок на ЕУ

Од:

Хрватскиот министер за животна средина, Томислав Ќориќ сака да ја покани активистката за животна средина, Грета Тунберг, на следниот министерски состанок на Европската унија.

Тунберг утре ќе го посети Брисел каде ќе одржи дебата со европратениците од комисијата за животна средина на Европскиот парламент, истиот ден кога Европската комисија ќе го презентира својот предлог закон за климата, чија цел е да придонесе за постигнување на целите на ЕУ во однос на климатските промени.

Хрватското претседателство ќе побара од амбасадорите на земјите членки на ЕУ формално да ја поканат Тунберг на министерскиот состанок на петти март за да ги слушнат нејзините ставови за реализација на плановите на ЕУ за постигнување климатската неутралност до 2050.

Би можело да ве интересира

Грета Тунберг: Пандемијата ги загрози правата на децата

Ана Ололовска

Грета Тунберг мисли дека има коронавирус

А1он

Студен туш од Грета Тунберг на министерскиот состанок за животна средина на ЕУ

Ана Ололовска

Се појави „анти-Грета“ – миленичка на десничарите во Германија

А1он

Грета Тунберг се сретна со нобеловката Малала Јусуфзаи

Ана Ололовска

Грета Тумберг со пари од награда основа фондација

Ана Ололовска