Грета пристигна во Лисабон од каде ќе замине за Мадрид

Од:

Шведската активистка Грета Тунберг денеска со еколошко пловило катамаран пристигна во Лисабон по три недели пловење по Атланскиот океан, од каде ќе го продолжи патот кон Мадрид каде што се одржува Конференција за климатски промени на ОН.

Тунберг, која пристигна од САД, ќе направи еднодневна пауза во Лисабон, каде ќе се сретне со други активисти.

Таа заедно со едно австралиско семејство плови со јахта која е еколошки прифатлива. Јахтата „Вагабонде“ е долга 15 метри, користи соларни панели и хидрогенератори за струја.

Шведската активистка одбива да патува со авион, бидејќи се смета дека тоа превозно средство многу ја загадува околината.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: И го грабна микрофонот на Грета Тунберг, не сакал да слуша за Палестина на климатски протест

(ВИДЕО) Полицијата во Лондон ја уапси Грета Тунберг

Горан Наумовски

Грета Тунберг ја обвини елитата на Давос дека ја става „корпоративната алчност“ над луѓето и планетата

А1он

Тунберг по приведувањето во Германија: Заштитата на климата не е кривично дело

А1он

ВИДЕО: Приведена Грета Тунберг

Ана Ололовска

Грета Тунберг: Германија не треба да ги затвора своите нуклеарни централи

Ана Ололовска