Гренланд се топи со неочекувана брзина, регистрирани се и пожари

Од:

Научниците не очекуваа дека Гренланд ќе се топи со ова темпо уште 50 години, до последната недела од јули, топењето го достигна ниво предвидено од климатските модели за 2070 година и тоа по најпесимистичко сценарио, објави Сајенс алерт.

Ледената плоча на Гренланд изгуби 12,5 милијарди тони мраз на први август, најмногу за еден ден откако истражувачи започнаа со мерење на топењето на мразот во 1950 година, објави „Вашингтон пост“.

Драматичното топење сугерира дека ледениот покривач на Гренланд се приближува до пресврт што може неповратно да доведе до целосно исчезнување.

Ако се случи тоа, катастрофалниот пораст на нивото на морето ќе ги проголта крајбрежните градови низ целиот свет.

Сезоната на топење на мразот на Арктикот започнува секоја година во јуни и завршува во август, со врв на топење регистриран во јули.

Сепак, брзината на топење на мразот во Гренланд оваа година ги надмина рекордите.

Од 30 јули до 3 август, топењето е забележано на 90 проценти од површината на Гренланд со 55 милијарди тони вода испуштена во текот на пет дена.

Слично натпросечно топење е регистрирано во Швајцарија, глечерите изгубиле 800 милиони тони мраз таму за време на топлотните бранови во јуни и јули.

Аљаска, исто така, во јули забележа рекордно топење на мразот.

Би можело да ве интересира

Натпревар на суперсили во Гренланд – Минералното богатство го направи островот геополитичко бојно поле

Данска се извини за „нехуман“ експеримент врз деца од Гренланд

А1он

Покривката на Гренланд загуби 4.700 милијарди тони мраз

Ана Ололовска

Првпат заврна дожд на Гренланд на надморска височина од 2.600 метри

Ана Ололовска

Гренланд ги забрани нафтените истражувања

Ана Ололовска

Блинкен потврди дека САД не сакаат да го купат Гренланд

Ана Ололовска