Грција ја засилува безбедноста на копнената граница со Турција

Од:

Грција ја засилува безбедноста на својата кревка копнена граница со Турција, која илијадници мигранти ја користат за да влезат во Европа.

На овој дел од границата се распоредени дополнителни чувари кои се поддржани и од мрежа на моќни надзорни камери, сооштија денеска грчките власти.

Грција се бори со големиот раст на имиграцијата преку Турција и стана главната точка на нивниот влез во Европа, пренесуваат амриканските медиуми.

Камповите за мигранти на грчките острови се преполни, а неделава беше најавено и поставување на пловечка ограда што ќе ги блокира мигрантските бродови во Егејскоот море.

На североисточната копнена граница со Турција, која главно се движи долж реката Еврос, војската и полицијата почнаа заеднички патроли, додека полицијата ќе ангажира уште 400 граничари, соопштија властите.

Грција веќе постави ограда со должина од 10 километри долж делот од границата каде реката го менува курсот, но остана дел од сува земја преку која мигрантите лесно можат да минат.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени