Грција бара да се свика Советот на ОБСЕ поради војната во Нагорно-Карабах

Од:

Преку писмо упатено до албанското претседателство на ОБСЕ, шефот на грчката дипломатија Никос Дендијас бара вонредно свикување на Постојаниот совет на организацијата за да се разгледаат тензиите во Нагорно-Карабах.

-Писмото е поврзано со подготвеноста на Грција да придонесе во напорите за итно де-ескалирање на кризата, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција и додаваат дека целта на грчката иницијатива е одржување разговори со учество на двете инволвирани страни, разгледување на секој можен начин за де-ескалација на кризата и отпочнување на преговорите во рамките на Минск-групата за мирно решавање на разликите.

Паралелно, грчките власти велат дека ескалацијата на тензиите има сериозни последици врз регионалната стабилност, а тоа е „став што беше потенциран од министерот за надворешни работи за време на средбата со американскиот државен секретар Помпео“.

-Грција е убедена дека решавањето на кризата е можно само со мирни средства, преку преговори, а не со оружје. Грција не одобрува било каква интервенција на трети што поттикнува тензија. Во овој контекст, Турција мора да се воздржи од активности и изјави што се движат во оваа насока, соопштуваат од грчкото МНР.

Оттаму додаваат дека подготвеноста на Грција да придонесе во смирување на тензиите, Дендијас ја изразил и за време на неодамнешниот телефонски разговор со неговиот ерменски колега Зохраб Мнатсаканијан. Утре двајцата министри одново ќе разговараат преку видеоврска, а наскоро е планирано шефот на грчката дипломатија да ја посети Ерменија.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски