Грчки град е најважната точка во ЕУ: Се користи за воени пратки, од тенкови и оклопни транспортери до хеликоптери

Од:

Географската положба на пристаништето Александрополис, на 15 километри од турската граница, го прави атрактивен за НАТО. Се наоѓа на Егејското Море и им овозможува на сојузниците да пристапат до Украина преку Бугарија и Романија, заобиколувајќи го Црното Море што ги патролира Русија и Босфорот под контрола на Турција. За разлика од двете главни грчки пристаништа, Солун и Пиреја, Александрополис има многу слободен капацитет.

Малиот грчки град Александрополис летово накратко остана без јајца, пилешко и цигари. Причина за ова е тридневниот прилив на гладни Американци кои пристигнаа на пристаништето во Александрополис со амфибискиот транспортен брод Арлингтон.

Наместо град кој зависи од продажбата на кафе, колачи и сувенири на туристите, Александрополис во последните шест месеци се претвори во центар на меѓународните воени операции. Четири силни компании се натпреваруваат за купување на контролен пакет акции. Од нив, две се американски компании, а другите две одразуваат блиски врски со Русија.

Од руската инвазија на Украина, американската војска редовно го користи Александрополис за воени пратки, од тенкови, оклопни транспортери до хеликоптери. Во еден момент на пристаништето имало дури 2.400 парчиња воена опрема. Количината на оружје испорачано од САД преку Александрополис се зголеми речиси 14 пати во последната година. Американските власти велат дека опремата е наменета исклучиво за американските воени единици стационирани во Источна и Северна Европа, а не за Украина.

Началникот за логистика на американските вооружени сили Андре Камерон изјави за Економист дека Британија и Италија исто така планираат да го користат пристаништето Александрополи за воени пратки.

Пристаништето наскоро би можело да стане и енергетски центар, со планови за изградба на два терминали за LNG. Александрополис има амбиции да испорачува течен гас за Грција, Бугарија, Србија и другите делови од Југоисточна Европа кои моментално се потпираат на руски гас.

Зголемениот интерес за Александрополис покажува како стратешкиот фокус на војната во Украина се префрла од Европа во регионот на Црното Море.

„Црното Море се врати на глобалната агенда, на начин каков што досега не сме виделе“, изјави за Њујорк Тајмс Илијан Василев, поранешен бугарски амбасадор во Москва, кој работи како стратешки консултант.

„Безбедноста на Црното Море е клучна за прашањето како да се задржи Русија“, истакнува тој.

Грција и Русија споделуваат историски, економски и културни врски, како и православната вера. Анкетите покажуваат дека Грците се меѓу ретките Европејци кои во огромно мнозинство сакаат да ги задржат економските врски со Русија. Меѓутоа, војната во Украина го промени односот на Атина кон Москва.

Конзервативната влада на Грција беше една од првите што испрати воена помош за Украина, поради што Кремљ ја стави на листата на земји „непријатели“. Стравот од Турција и солидарноста со Украина ја доближија Атина до Вашингтон и им дозволија на САД да ги користат грчките пристаништа.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ