Исчезнатиот градоначалник на Сеул е пронајден мртов

Од:

Градоначалникот на јужнокорејската престолнина Сеул, Парк Вон-сун, е пронајден мртов, откако претходно денеска неговата ќерка го пријавила во полиција како исчезнат, објави агенцијата Јонхап.

Полицијата не соопшти како починал градоначалникот, но нагласи дека немало траги на насилство.  Телото на Парк било пронајдено во северниот дел на Сеул, во близина на местото каде последен пат е детектиран сигнал од неговиот мобилен телефон, во текот на седумчасовната потрага.

Ким Ји-хјеонг, претставник на градската власт, истакна дека градоначалникот денеска не дошол на работа од непознати причини и ги откажал сите планирани настани.

Парк, долгогодишен активист и адвокат за заштита на човековите права, е избран за градоначалник на Сеул во 2011 година, а последниот, трет мандат, го освои минатиот месец. Беше член на владејачката Либерално-демократска партија и еден од можните кандидати на претседателските избори во земјата во 2022 година.

Би можело да ве интересира

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски

Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море

ВИДЕО: 37.000 извидници евакуирани од камп во Јужна Кореја пред налетот на тајфунот Канун

Катерина Ѓуровски

Поплави и свлечишта во Јужна Кореја, стотици луѓе евакуирани

Горан Наумовски