Градоначалникот на Ричмонд издаде наредба за отстранување на сите споменици на конфедератите

Од:

Градоначалникот на Ричмонд, Левар Стоуни, синоќа издаде наредба за итно остранување од постаментите на сите споменици на дејците на Конфедеративните Американски Држави од времето Граѓанската војна, јави дописникот на МИА од САД.

Според наредбата, сите споменици треба да бидат отстранети во следните неколку денови. Во епохата на конфедератите и Граѓанската војна (1861-1865), Ричмонд бил главен град на КАД и затоа овде се поставени најголем број споменици што го одбележуваат тој дел од историјата на САД.

-Драги жители на Ричмонд, давам наредба итно да бидат отстранети спомениците на конфедератите од нивните постаменти, изјави синоќа Стоуни.

Најпрвин ќе бидат отстранети спомениците на Моњумент авенија каде се поставени спомен обележја на воени началници и политичари од американскиот робовладетелски Југ, како на пример Томас Џексон и Џемјс Стујарт.

Првиот споменик, на генералот Стоунвал Џексон, веќе е отстранет, и акцијата беше придружена со радосни извици на насобраните, јавија локалните медиуми. Претходно, на оваа авенија се наоѓаше споменикот на првиот претседател на КАД, Џеферсон Дејвис, кој беше урнат од протестантите. Покрај него, овде се наоѓа и огромниот, 20 метарски споменик на Роберт Ли, главниот командант на армијата на КАД.

Но спомен обележјето се наоѓа на мало „парче земја“ дадено под државна управа, затоа градоначалникот на Ричмонд нема право да го отстранува. Гувернерот на Вирџинија, Ралф Нортон, претходно изјави дека споменикот ќе биде симнат од постаментот и однесен во склад, но не кажа конкретна дата кога може тоа да се стори.

Би можело да ве интересира

Трамп би можел да го одржи говорот на републиканската конвенција во живо од Белата куќа

А1он

ВИДЕО: Американец се возел 15 километри закачен на шофершајбна од шлепер

А1он

Трамп: Го држиме вирусот под контрола, колку што можеме

А1он

САД и Кина на 15 август ќе се договараат за трговските врски

А1он

Кинески медиуми: Кина нема да ја дозволи американската „кражба“ на ТикТок

А1он

САД може да ги протераат сите кинески новинари, тврди уредник од Кина

А1он