Градоначалникот на Ница повика за делумно затворање во регионот поради Ковид-19

Од:

Градоначалникот на францускиот медитерански град Ница денеска повика на „локдаун“ за време на викендот во регионот за да се запре приливот на посетители и да се ограничи наглото зголемување на инфекциите со коронавирусот.

– Потребни ни се силни мерки што ќе бидат над полицискиот час во 18 часот на национално ниво, или построг полициски час или делумно затворање на одредено време. Заклучувањето за време на викендот би имало смисла… тоа би го запрело приливот на посетители, изјави за радиото Франс-инфо, градоначалникот Кристијан Естроси.

Трет ден по ред, бројот на нови случаи на коронавирус се зголемува во Франција, а министерот за здравство, Оливие Веран, предупредува дека тој тренд не е добар знак.

Според податоците на Министерството за здравство за вчера, во последните 24 часа биле заразени уште 22.371 лице, а починале 183 пациенти.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден