Градоначалник во Сицилија поднесе оставка оти се вакцинирал преку ред

Од:

Градоначалникот на сицилијанскиот град Корлеоне, Николо Николози изјави дека поднесува оставка затоа што ја примил вакцината против коронавирус преку ред, пренесе италијанската агенција АНСА.

– Не спиев претходната ноќ размислувајќи за таа одлука и заклучив дека е правилно да поднесам оставка, рече Николози (78).

Медиумите објавија дека полицијата го истражува случајот.

Италија започна со вакцинација кон крајот на декември, а приоритет имаа медицинските работници и луѓето постари од 80 години.

Сепак, Николози во тоа време рече дека локалните политичари како него мора веднаш да бидат заштитени од вирусот, како и медицинските работници.

Покрај Николози, вакцинирани се и градски советници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Сара и Лука купија куќа во Сицилија за едно евро, но има услов за да ја задржат куќата

Предраг Петровиќ

Пожари на Сицилија, гори на повеќе од 40 места: Пламени јазици опколија аеродромот

Горан Наумовски

Италијански борбен авион се урна на Сицилија, пилотот загина

А1он

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Германец примил 87 вакцини против ковид