Градоначалник на холандски град сака да ја протера ќерката на Путин

Од:

Градоначалникот на холандскиот град Хилверсум, Питер Броертјес ја повика владата да ја депортираат ќерката на рускиот претседател, Владимир Путин и нејзиното момче од Холандија. По соборување на авионот МХ17 во кој загинаа голем број Холанѓани, државјаните на Холандија се револтирани и сметаат дека Русија и проруските сепаратисти се виновни за авионската несреќа.

Броертјес во интервју на радио, побара 29-годишната Марија Путин и нејзиното момче кое што е Холанѓанец и живеат во Ворсхотен, да бидат исфрлени од државата.

Меѓутоа нешто подоцна градоначалникот преку „Твитер“ се извини поради својата изјава со образложение дека не е мудра и напиша дека таа потекнала од чувството на „беспомош кое многумина ќе го препознаат“. Украинците кои живеат во Холандија, повикаа на мирен протест пред станот во кој живее ќерката на Путин.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

Путин нареди мобилизација на 150.000 војници