Градоначалничката на Богота се извини за полициска бруталност

Од:

Градоначалничката на Богота, Клаудија Лопез, денеска им се извини на семејствата на загинатите демонстранти и повика на помирување, откако минатата недела во протести поради полициска бруталност беа убиени 10 цивили и стотици беа ранети.

– Бараме простување за сите жртви на полициска бруталност. Од длабочината на душата бараме да се задоволи правдата затоа што знаеме дека и други вакви инциденти остануваат неказнети и не сакаме истото да се случи со овие жртви, рече таа на комеморацијата за жртвите.

Протестите во Богота и околината почнаа поради смртта на Хавиер Оронес кого полицијата го застрела минатата среда.

За време на протестот во средата, седум млади луѓе беа убиени откако полицијата во Богота употреби огнено оружје. Уште три лица беа убиени на протестите во четвртокот вечерта во Богота, како и уште три во Соача.

Во судирите се повредени 200 полицајци, а уништени се 60 полициски станици, како и десетици возила за јавен превоз.

Би можело да ве интересира

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски

Претседател на колумбиски второлигаш e убиен по поразот на неговиот клуб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силен земјотрес во емисија во живо: Јако се затресе