Горбачов: Светот без нуклеарно оружје е потреба, а не утопија

Од:

Светот дојде до многу опасна точка и неопходно е да се запре и да се обнови дијалогот, бидејќи во спротивно тоа би била голема грешка, изјави денеска последниот претседател на СССР Михаил Горбачов.

– Не сакам да давам специјални инструкции, но морам да кажам дека е потребно да се запре. Неопходно е да се почне дијалог. Недостигот на комуникација може да биде најголема грешка, изјави Горбачов.

Тој смета дека е потребно да се појде од главните приоритети – намалување на нуклеарното оружје, борба против тероризмот, но и зачувување на екологијата, додека се друго е во втор план.

– Светот без нуклеарно вооружување не е утопија, туку потреба. Не смееме да заборавиме што стои зад примената на нуклеарно оружје. До тоа може да дојде случајно, како последица на техничка грешка, но и намерно, поради зла намера на некој луд поединец или терорист. А сами знаете какви се последиците, предупреди Горбачов.

– Сите земји мораат да преговараат за нуклеарните капацитети се додека нуклеарното оружје во целост не биде уништено, инсистира последиот советски лидер.

Би можело да ве интересира

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема евакуација на населението во регионите погодени од полави во Русија

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани