Големи шумски пожари на Камчатка, прогласена вонредна состојба

Од:

Регионалните власти во Камчатка денеска воведоа вонредна состојба во шумските области на овој руски полуостров на крајниот исток од земјата, како резултат на пожарите што досега зафатија вкупно 53.650 хектари шуми.

Од регионалното Министерство за вонредни ситуации јавуваат дека во моментот се активни 36 шумски пожари, истакнувајќи дека пожарот во повеќето случаи бил далеку од населените места и градови, а единствено чад бил забележан во местото Каменско, што бил предизвикан од голем пожар на 20 километри од градот.

Државната новинска агенција Тасс јавува дека регионалните власти во Камчатка денеска побарале помош од руските федерални власти, поради ситуацијата со шумските пожари.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Во февруари имало вкупно 448 пожари на отворен простор

Активни два пожара на отворено, на Китка и кај Булачани

ЦУК: Во последното деноноќие 1.747 повици на 112, десетина пожари на отворено иако е зима

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Два големи пожари во Русија

Горан Наумовски

ЦУК: Активен е еден пожар кај месноста „Мала Река“ во општина Студеничани

ЦУК: Во последното деноноќие имало 10 пожари на отворено