Големи израелски акции против Хамас во Газа

Од:

Израелската армија изврши опсежни операции против Хамас и други милитантни групи во Појасот Газа, а медиумите јавуваат за тешки борби во јужниот дел на палестинската енклава.

Израелскиот Канал 12 објави дека има повеќе копнени борби во областа Кан Јунис.

Военото радио објави дека израелските сили оперираат и во градот Газа и Беит Лахија, на северот од енклавата, пишува The Times of Israel.

Претходно армијата соопшти дека извршила напади во Кан Јунис и Рафах во јужниот дел на Газа.

Сведоците рекоа дека израелската армија фрлила летоци во Кан Јунис, повикувајќи го населението да се евакуира на југ, во Рафах, предупредувајќи дека областа е опасна.

Израелската војска претходно објави мапа со која го дели Појасот Газа на стотици мали зони, кои има намера да ги искористи за да ги информира палестинските цивили за активните борбени зони.

Би можело да ве интересира

Главни точки од договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас

А1он

Израел го потврди историскиот мир во Газа

Потребно е само „зелено светло“ од кабинетот на Нетанјаху за прекин на огнот во Газа

Израел ќе ослободи 1.000 затвореници

Жителите на Газа слават на улиците по договорот за прекин на огнот со Израел

Гутереш вети поголема помош на ОН за Газа