Голема полициска акција против албанската мафија на тромеѓето меѓу Франција-Швајцарија-Германија

Од:

Околу 200 полицајци беа вклучени во акцијата спроведена против албанската мафија во регионот околу Мулуз, јавува дописникот на МИА од Париз.

Во акцијата уапсени 40 лица во регионот на Мулуз и три на германска територија за кои се сомнева дека шверцувале дрога. Според изјавата на обвинителот од специјализираната меѓурегионална правосудна јурсидкција, Реми Кутан, во акцијата биле запленети и околу 50 килограми на средства за пресекување (мешање) на дрогата.

Оваа албанска мафија претходно се развиваше на територијата на Швајцарија, пред да се разграни и одомаќини во Франција.

– Сите уапсени лица за кои се сомнева дека се вмешани во шверц со дрога се ставени во притвор во регионот на Мулуз и тие ќе треба да се појават пред обвинителот до крајот на неделата. Минатата есен беше спроведена една слична ваква акција на француската полиција во која беа уапсени околутриесетина лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Туристички авион се урна по полетувањето од аеродромот во Лион, при што две лица се повредени

Горан Наумовски