Голема е веројатноста Русија да ги затвори македонската, бугарската и црногорската амбасада во Москва

Од:

Следеа остри реакции од Москва откако Македонија, Црна Гора и Бугарија го забранија летот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Рускиот дипломат Сергеј Орџоникиџе предупреди дека Русија може да ги отповика амбасадорите на Македонија, Црна Гора и Бугарија поради ситуацијата со Лавров.

„Мислам дека реакцијата треба да биде најостра, бидејќи спречија висок функционер на нашата земја да ја изврши својата дипломатска должност. Ова е политички чекор на антируска ориентација“, изјави тој за РИА Новости. Тој не предвидува дали би можело да дојде до прекин на дипломатските односи меѓу Русија и трите земји, но ја коментира можноста за отповикување на амбасадорите: „Тоа е прилично веројатно“.

Уште поостар беше директорот на руската државна вселенска агенција Роскосмос, Дмитри Рогозин, кој на Твитер ја спомена интерконтиненталната балистичка ракета „Сармат“, која црногорските и бугарските медиуми го оценија како закана.

„Еве зошто „Сармат е добар? Тој нема да бара дозвола да лета од кукавичките Бугари, одмаздољубивите Романци и Црногорци кои ја предадоа нашата заедничка историја“, рече тој.

Зборуваше и заменик-претседателот на Советот на федерацијата Константин Косачов, кој смета дека реакцијата на Москва и Белград за затворањето на воздушниот простор за авионот на Лавров треба да биде заедничка и крајно остра.

Тој оцени дека денешниот демарш нема врска со авионот, туку е насочен против Русија како држава и против Србија како држава.

Тој смета дека колективното одбивање на Бугарија, Црна Гора и Македонија да го пропуштат авионот на Лавров за Србија, без сомнение, не е одлука на овие три земји и на својот Телеграм канал оцени дека таквото директно мешање во билатералните работи на две суверени европски земји, кои не се членки на Алијансата, Русија и Србија, НАТО се обидува да го „зароби и потчини“ остатокот од Европа.

Првиот заменик-претседател на Комитетот за меѓународни прашања на Советот на Руската Федерација Владимир Јабаров оцени дека одбивањето на земјите што ја опкружуваат Србија да дозволат прелетување на авионот на рускиот министер за надворешни работи е „невиден чекор“ во светската дипломатска практика, и праша дали е воопшто вредно да се снабдуваат со руски енергенси земјите кои го затвориле воздушниот простор за авионот на Лавров.

„Браќата“ повторно се покажаа во својата слава. Тоа значи дека рускиот природен гас што се испорачува во овие земји за нив апсолутно не е токсичен, додека летот на авион со руски министер е причина за сериозна загриженост“, напиша на Твитер Џаберов.

Би можело да ве интересира

Лавров: Западот опасно се приближуваат до работ на директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили

Горан Наумовски

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов