Голема цена од загадувањето на воздухот во Европа

Од:

Ал Џезира Балкан – Сараево

Загадувањето на воздухот во Европа зема голем данок, предизвикува половина милион смртни случаи и нанесува економска штета од 1,6 билиони долари годишно, објави Светската здравствена организација СЗО.

Тоа во 2012 година изнесуваше една десетина од годишниот БДП на ЕУ, објави регионалниот кабинет на СЗО за Европа.

Од последиците на ситните загадени честички кои ги испуштаат возилата, индустријата или куќното затоплување, во 53 европски земји во текот на 2010 година умреле околу 600.000 луѓе. Загадувањето на воздухот предизвикува болести на крвниот систем, мозочни удари и рак на белите дробови.

Големи економски штети во источна Европа

– Доказите со кои располагаме мораат да бидат поттик на своите влади за почеток на делување – рече директорката на европскиот СЗО Жужана Јакаб.

Загадениот воздух е виновен за најголемата релативна економска штета во источна Европа.

Грузија е на неславно прво место во Европа по трошоците поврзани со прераната смрт на жителите поради загадувањето на воздухот, а трошоците на Србија, Бугарија, Украина и Киргистан поради загадувањето изнесуваат од една третина до една четвртина од нивните стопанства.

Дури 90 отсто Европјани на отворен простор се изложени на поголема концентрација на загадување на воздухот кое го дозволува СЗО, а во земјите со пониски приходи е проблем и загадувањето во затворен простор.

Би можело да ве интересира

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Стојковски: Несовесни граѓани во моментот се главните причинители за загадување на воздухот

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо против загадениот воздух во Скопје,

Катерина Ѓуровски