Околу 500 пожарникари се борат со шумскиот пожар кој изби на околу 100 километри од главниот град на Португалија, Лисабон.
Португалската Агенција за цивилна заштита соопшти дека во гаснењето на огнот вклучени се и над 100 противпожарни возила и три канадери.
Портпаролот на противпожарната служба Марио Силвестре за Португалската државна телевизија (РПТ) изјави дела 90 отсто од пожарот е ставен под контрола.
Пожарот изби вчера во близина на градот Томар.