ВИДЕО: Голем пожар во црква во Египет, најмалку 41 жртва

Од:

Најмалку 41 лица загинаа, а десетици се повредени денеска во пожар во црква во египетскиот град Гиза, изјавија два безбедносни извори за Ројтерс.

Пожарот, најверојатно електрични инсталации, избувнал кога 5.000 верници се собрале на миса во црквата Абу Сифин во областа Имбаба, предизвикувајќи стампедо, велат изворите. Повредените се хоспитализирани, соопшти Министерството за здравство.

Пожарот, според властите, сè уште не е изгаснат во црквата именувана по Свети Меркур Кесариски, на кого му се поклонуваат Коптите, најголемата христијанска заедница на Блискиот Исток со 10 до 15 од 103 милиони Египјани.

„Ги мобилизирав сите државни служби за да се осигурам дека ќе бидат преземени сите мерки“, објави претседателот Абдел Фатах ал Сиси на Фејсбук.

Минатиот март, најмалку дваесет луѓе загинаа во пожар во текстилна фабрика во источното предградие на Каиро. Во 2020 година, два болнички пожари ги однесоа животите на четиринаесет пациенти.

Иако многубројни, Коптите сметаат дека се потиснати во општеството и ги осудуваат многу рестриктивните закони за изградба на цркви и многу полибералните закони за џамиите.

Темата е чувствителна, а коптскиот активист за човекови права Патрик Заки неодамна помина 22 месеци во притвор за наводно ширење лажни информации за напис во кој се разоткриваат кршењето на христијанските права во Египет.

Коптите претрпеа исламистички репресалии особено откако Сиси го собори исламистичкиот претседател Мохамед Морси во 2013 година со палење цркви, училишта и домови. Сиси, првиот претседател на Египет кој секоја година присуствува на коптската божиќна миса, неодамна за прв пат во историјата назначи коптски судија да раководи со Уставниот суд.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски