Голем хакерски напад во Украина: „Плашете се и очекувајте го најлошото“

Од:

Утринава е извршен голем хакерски напад на веб-страниците на неколку украински министерства, јавуваат агенциите.

Срушени се веб-страните на Министерството за одбрана, Министерството за образование, Министерството за енергетика и Министерството за надворешни работи. Хакирана е и веб-страницата на државната служба за итни случаи.

Некои од страниците се недостапни, а на веб-страната на Министерството за надворешни работи се појави текст на руски, полски и украински јазик.

„Украинци! Сите информации за вас ќе станат јавни. Плашете се и очекувајте го најлошото“, стои во пораката над која е пречкртано украинското знаме.

Нападот се случи во време на голема тензија меѓу Русија и Западот околу Украина. Поради евентуална руска инвазија на Украина, беа одржани неколку рунди преговори со цел да се смират тензиите, но безуспешно.

Русија има акумулирано околу 100.000 војници долж границата со Украина.

Би можело да ве интересира

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот