Од затворот Гарстен во Австрија по грешка три години порано бил ослободен државјанин на Србија, кој таму издржувал казна поради грабеж.
Преку австрискиот весник „Oberoesterreichische Nachrichten“, сега го повикуваат затвореникот да се врати.
Управникот на австралискиот затворски систем, генералот Петер Прехтл, истакнал дека жали поради „грешката“, но застанал во одбрана на затворските службеници, тврдејќи дека се тие сепак „добри луѓе“.
Непланираното ослободување од затворот дури три години порано, се случило поради погрешно внесени податоци во компјутерскиот систем. Поради тоа, 30-годишниот Србин бил пуштен од затворот и депортиран. Сега, Австрија го бара да се врати.
На неговата адреса во Србија веќе бил испратен повик повторно да се јави во затворот и да ја одлежи казната, и дека доколку не го направи тоа, по него ќе биде распишана меѓународна потерница.