Главниот обвинител на Украина покрена кривична постапка поради ракетирањето на нуклеарката Запорожје

Од:

Канцеларијата на главниот обвинител на Украина објави дека покренала кривична постапка против, како што велат, ракетното и артилериско гранатирање на руската војска врз електраната Запорожје.

dobivaj vesti na viber

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на најголемата нуклеарна централа во Европа.

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси синоќа повика на итен прекин на воените операции во близина на украинската нуклеарна централа во Запорожје, предупредувајќи на „многу реален ризик од нуклеарна катастрофа“.

Тој рече дека е „екстремно загрижен“ поради наводите за ракетирање на нуклеарната централа, најголемата во Европа.

Киев тврди дека руската армија од локации во близина на електраната гаѓа цивилни области, користејќи ја т.н.„терористичка тактика“.

Операторот на електраната во Запорожје, Енерхоатом, соопшти дека една „енергетска единица“ е затворена поради руски ракетни напади, додавајќи дека постои ризик од ширење на радијација.

Енерхоатом на социјалната мрежа Телеграм објави дека ракетните напади „сериозно го загрозиле безбедното работење на електраната“. Москва тврди дека нападите ги извршила Украина.

Руските сили ја зазедоа електраната во март, а украинските вработени сè уште работат таму.

Во изјавата, Гроси рече дека поради ракетирањето, постои „реален ризик од нуклеарна катастрофа што може да го загрози јавното здравје и животната средина“ во Украина и пошироко.

Тој додаде дека на украинскиот персонал во електраната мора да му биде овозможено да ги извршува своите должности „без закани и притисоци“.

„Заради заштита на луѓето во Украина и на други места од потенцијална нуклеарна несреќа, сите ние мора да ги оставиме нашите разлики настрана и да дејствуваме веднаш. МААЕ е подготвена“, рече Гроси.

Тој претходно изјави дека електраната во Запорожје е „целосно надвор од контрола“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

На рефрендумите во Украина гласале повеќе од 20% од населението, не се забележани прекршоци

А1он

Украина извести дека вратила нови територии на истокот на земјата

А1он

ВИДЕО: Путин го крена светот на нозе – НАТО се мобилизира, страв од нуклеарки

Анита Петровска Рајковиќ

Радев свика консултативна средба поради конфликтот во Украина

А1он

Украина: Руската мобилизација беше предвидлив чекор што ќе се покаже крајно непопуларен во јавноста

А1он

Жителка на Херсон за прв пат виде украинските војници по повлекувањето на руските трупи: Шест месеци се молиме да дојдете

А1он