Главната научничка на СЗО вели дека нема потреба од паника поради појавата на омикрон

Од:

Главната научничка на Светската здравствена организација (СЗО) Сума Сваминатан денеска ги повика луѓето да не паничат поради појавата на Омикрон и рече дека е премногу рано да се извлечат заклучоци за новата варијанта.

Во интервју за Ројтерс Некст, Сума Сваминатан рече дека е невозможно да се предвиди дали Омикрон ќе стане доминантна варијанта на коронавирусот.

– Треба да бидеме подготвени и внимателни, но да не се паничи бидејќи сме во поинаква ситуација од пред една година, рече таа.

– Делта сочинува 99 отсто од инфекциите во светот. Оваа варијанта би требало да биде позаразна за да ја надмине Делта и да стане доминантна во светот. Можно е, но не е можно да се предвиди, рече Сваминатан.

– Мора да почекаме, да се надеваме дека е поблага … но прерано е да се заклучи за варијантата како целина, додаде таа.

Таа најави дека СЗО следната недела ќе свика глобална група на експерти за да ги одреди приоритетите за истражување на Омикрон.

Коментирајќи ја потенцијалната потреба од вакцинација со бустер доза против коронавирус еднаш годишно, таа рече дека СЗО се подготвува за сите сценарија.

Би можело да ве интересира

Марш против мерките за вакцинација во Вашингтон

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ескалираа масовните протести во Брисел против мерките, „летаа“ факели и солзавец

Ана Ололовска

12.159 новозаразени во Србија

Ана Ололовска

Русија регистрираше рекордни 63.205 случаи

Ана Ололовска

7.095 нови случаи на инфекција со коронавирусот во Хрватска

Ана Ололовска

Во Германија планираат нова кампања за вакцинација

Ана Ололовска