Глава од свиња оставена пред џамија во Франција

Од:

Работници, кои градат џамија во југозападниот дел на Франција, денеска пронајдоа отсечена свинска глава и животинска крв на влезот на објектот.

Изградбата на џамијата во малото гратче Бержерак долго време беше оспорувана. Предлогот беше даден во 2017 година, но конечно одобрение за градба доби во октомври 2018 година и покрај големото противење на локалните жители.

„Сторителите ги измачкаа ѕидовите со животинска крв и ставија глава од свињи на предната страна од градилиштето, изјави заменикот-обвинител на Бержерак, Шарл Шаролоа.

Вандализмот се случил во текот на ноќта, но откриен кога работниците пристигнале на работа утрово.

Фредерик Перисат, полицискиот комесар на Бержерак, категорично ги осуди овие дејства кои ја повредуваат слобода на совест и изразување и се противат на принципите на поделеност меѓу црквата и државата, и повика на взаемно почитување во заедницата. .

Франција е дом на најголемите муслимански и еврејски заедници во Европа, a и двете вери се соочуваат со зголемен број инциденти поврзани со верска омраза во последниве години.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден