Гинеколозите во Индија незаконски им ги отстранувале матките на сиромашните жени

Од:

Парите од државното осигурување кои им се префрлаат за иавршените операции биле главната причина поради која лекарите во индиската држава Чатисгар изведувале хистероктомија врз пациентки од сиромашните рурални области.

Оваа програма запонала да се применува од 2008 година, но многумина гинеколози ја злоупотребиле советувајќи ги пациентките да ја извадат својата матка, за која лекарите добивале до 30.000 рупии (околу 27.000 денари) за извршената интервенција.

Ова го потврдил и министерот за здравство на Чатисгар, Амар Агравал, кој ги посочи несовесните специјалисти за оваа злоупотреба на законски дозволената операција.

„Лекарите советуваат жените да ги отстранат матките, така што тие затоа си добиваат пари од државата“, изјави Агравал.

„Колку што сум информиран овие несовесни лекари заработиле околу 20 милиони рупии (17.650.000 денари) само во последните неколку месеци за отстранување на матката на пациентки, без медицинска потреба таа да биде извадена“, додаде тој.

Владата во моментот истражува 1.800 хистероктомии направени во посиромашните индиски држави со цел да се потврдат измамите.

Раман Катариа, лекар кој работи за една непрофитна организација, изјави дека постои злоупотреба на програмата во недостаток на контрола во оваа област и стандардни упатства.

„Мора да постои регулаторно тело, а не да се остави на совеста на лекарите, затоа што меѓу нив има и несовесни“, додаде тој.

Жените не можат да забременат по оваа постапка која најчесто е придружена и со отстранување на јајниците.

 

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка