Гидеон Сар, најсериозниот противник на Нетанјаху на изборите, најави поостар однос кон Палестинците и Иран

Од:

Главниот противник на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на претстојните избори, Гидеон Сар, најави поостар однос кон Иран и Палестинците, но изрази уверување дека се наоѓа во подобра позиција да спроведе ефикасен и вистински дијалог со новоизбраниот американски претседател Џозеф Бајден.

Во интервју за Асошиејтед Прес, Сар го обвини Нетанјаху дека начинот на делување за владеењето на неговата конзервативна „Ликуд“ партија е градење „култ на личноста“, и тоа во време кога токму на премиерот му се суди за корупција.

Бајден, инаку, веќе изјави дека планира да се врати во нуклеарниот договор на големите сили со Иран и да воспостави поизбалансиран однос кон израелско-палестинскиот конфликт.

Сар, кој ја напушти партијата „Ликуд“ и ја основаше партијата „Нова надеж“, ја споделува тврдата националистичка политика на Нетанјаху и е поддржувач на планот за еврејски населби на окупираниот Западен брег и за можната анексија на територијата на која се тие се наоѓаат.

Тој наведува дека никогаш нема да се согласи на независна палестинска држава, што вклучува евакуација на населените места.

-Се противам на палестинска држава во срцето на нашата татковина. Тоа нема да донесе мир и ќе ја загрози стабилноста и безбедноста, рече Сар, иако Бајден, како и многу од неговите претходници, се спротивставува на проширувањето на еврејските населби и се залага за решавање на конфликтот меѓу Израел и Палестинците со идејата за две држави.

Адвокатот Сар (54) во политиката влезе во 1999 година како секретар на кабинет на Нетанјаху, кога тој беше избран за премиер по првпат. Подоцна имаше важни функции во владата, особено кога Нетанјаху се врати на власт во 2009 година.

Од 2014 до 2019 година се повлече од политиката, а кога се врати Нетанјаху без никакви проблеми го победи на партиските избори.

По основањето на партијата „Нова надеж“ Сар не крие дека неговата битка е лична и ги критикува оние кои слепо го поддржуваат тврдењето на Нетанјаху дека неговото судење за корупција е заговор.

Тој верува дека Израел бил вовлечен на четврти избори во рок од само две години поради правните проблеми на Нетанјаху.

Нашироко се верува дека израелскиот лидер се залага за коалиција од сојузници кои ќе му гарантираат имунитет од судење.

Анкетите за јавното мислење покажуваат дека „Нова Надеж“ ќе биде втората по силина партија во Кнесетот, по Ликуд, но нема да има доволно мандати да го спречи Нетанјаху да го собере потребното мнозинство за формирање влада.

Би можело да ве интересира

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

Откриен еден од израелските планови за одмазда на Иран

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Израелскиот министер за одбрана разговараше со својот американски колега: Немаме друг избор освен да му одговориме на Иран

Предраг Петровиќ