Германските резерви на гас се на „историски ниско ниво“

Од:

Експертите нагласуваат дека резервите на гас во Германија се на ниско ниво што досега не е забележано.

Нивото падна под границата од 60 отсто, изјави Себастијан Блешке, управен директор на иницијативата Energien Speichern (INES), за деловниот весник Handelsblatt.

Во споредба со претходните години, ова е „историски најниско ниво“.

– Со оглед на тоа што вистинската зима допрва доаѓа, со релативно ниските резерви секако треба внимателно да се постапува, рече Блешке.

– Доколку повлекувањето продолжи како што е во моментот, нивото на резерви ќе биде многу ниско во февруари, додаде тој.

Компаниите-членки на здружението велат дека претставуваат повеќе од 90 отсто од капацитетот за складирање гас на Германија и околу една четвртина од капацитетот на Европската унија.

Капацитетите за складирање гас во Германија беа полни нешто повеќе од 58 отсто минатата среда, според истражувањето на индустриското здружение Gas Infrastructure Europe – со вообичаениот тренд на опаѓање за тој период од годината.

За споредба, на 14 декември претходната година таа бројка беше 79 отсто, а во 2019 година 97 отсто.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени