Германските резерви на гас пополнети 70 отсто и покрај намалените испораки од Русија

Од:

Германските капацитети за складирање природен гас се наближуваат до целта на Берлин – да бидат пополнети со 75 отсто и покрај намалените испораки од Русија, јави ДПА.

Германските резерви на гас до пред два дена беа полни 70,4 проценти, покажаа податоците објавени денеска од Gas Infrastructure Europe.

Новиот закон во Германија предвидува складиштата да мора да бидат најмалку три четвртини полни до 1 септември.

Поради тензии околу руската војна против Украина и како резултат на санкциите од Западот, Москва ја намали испораката на фосилното гориво природен гас за повеќе европски држави, вклучувајќи ја и Германија.

Гасоводот Северен тек 1 што ја обезбедува Германија преку Балтичкото Море работи само со капацитет од 20 отсто од минатата недела.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим

Скок во приходите и профитот на голем германски производител на оружје