Германските пратеници се жалат: Ладно ни е, не може да се загрееме

Од:

Германските медиуми јавуваат дека „заладило и е непријатно студено во Бундестагот“, додека пратениците се жалат дека и по „трчкање“ не можат да се загреат.

Со почетокот на постуденото време, членовите на германскиот парламент се борат да се загреат на своите работни места, пишува Шпигел.

Додека Бундестагот ја намалува потрошувачката на енергија во услови на криза, некои пратеници се пожалија дека таквите услови создаваат здравствени ризици, објави весникот во петокот.

Во написот со наслов „Ледено доба во парламентот“, магазинот забележува дека некои министри и пратеници носеле џемпери и шалови под јакните.

Според Шпигел, „во Бундестагот станало студено, непријатно студено“.

Весникот ја цитираше пратеничката од Партијата на зелените, Ренате Кенаст, која се жали: „Седев во јакната во канцеларијата и постојано трчав наоколу. Меѓутоа, по кратко време веќе имав ладен нос“.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски