Германските пилоти договорија поголеми плати со „Рајанер“

Од:

Германските пилоти за првпат успеаја да постигнат договор за своите плати со раководството на „Рајанер“, соопшти денеска синдикатот ВЦ, во услови кога ирската нискотарифна авиокомпанија е во „напнати“ преговори со синдикатите ширум Европа.

Според постигнатиот договор, пилотите ќе бидат поплатени и ќе уживаат поголема заштита во случај на отказ, соопшти синдикатот и додаде дека двете страни ги договориле и идните разговори за потенцијалното формирање на работен совет.

„Колективните договори значат дека германскиот закон се применува за работните односи“, се наведува во соопштението на синдикатот, а пренесуваат британските медиуми.

Претходно на почетокот на месецов, пилотите на „Рајанер“ од Велика Британија најавија дека, почнувајќи од 18 септември, ќе стапат во седумдневен штрајк, а прекин на работата најавија и пилотите во Шпанија.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски