Германските партии потпишаа коалициски договор за новата влада на Шолц

Од:

Партиите во новата германска коалициска влада денеска потпишаа договор за нивната, како што ја нарекуваат, прогресивна влада, еден ден пред Олаф Шолц да ја преземе функцијата канцелар од долгогодишната лидерка Ангела Меркел.

Договорот постигнат минатиот месец меѓу лево-центристичките Социјалдемократи на Шолц, Зелените и пропазарната Слободна демократска партија доби силна поддршка во последните денови од членовите на трите партии. Ова го отвори патот Шолц утре да биде избран во парламентот, каде коалицијата има солидно мнозинство.

Коалицискиот договор на 177 страници како главна тема го има забрзувањето на напредокот, што лидерите на новата влада го истакнаа на церемонијата на потпишувањето во берлинскиот музеј Футуриум.

Главниот приоритет на новата влада се напорите за борба против климатските промени, особено за Зелените. Други приоритети вклучуваат модернизација на најголемата европска економија и воведување полиберални социјални политики.

Пред сè, првата задача на владата е да ја намали речиси рекордната стапка на заразени со коронавирусот.

– Рековме дека сакаме да постигнеме поголем напредок и од оваа недела сакаме да работиме на напредок. Немаме илузии, се соочуваме со големи предизвици, рече Кристијан Линднер, иден министер за финансии и лидер на Слободните демократи.

Договорот меѓу трите партии, кои немаа позначајни разлики пред септемвриските избори, беше постигнат релативно брзо, барем колку што гледа јавноста, во неочекувана хармонија, коментираат медиумите.

– Доколку добрата соработка што функционираше додека ја формиравме владата продолжи да функционира, тоа ќе биде многу, многу добро време за задачите што ни претстојат, рече Шолц.

Тој призна дека соочувањето со пандемијата ќе ја бара сета нивна сила и енергија.

Меркел, која е канцеларка 16 години, не се кандидираше за петти мандат. Нејзиниот унионистички блок на десниот центар оди во опозиција по поразот на изборите.

Би можело да ве интересира

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија-патниците биле средношколци

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим