Германскиот претседател вети поддршка за Авганистан, но бара итни реформи

Од:

Германскиот претседател Јоаким Гаук на Авганистанците им вети поддршка од неговата земја по повлекувањето на странските армии во 2014 година, но инсистира на натамошни реформи во земјата, пренесе ДПА.

-Демократизацијата мора да продолжи, им кажа тој на новинарите по средбата со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во Кабул, и посебно повика за прогрес во еднаквоста на правата на жената во оваа земја.

Гаук посебно не ја спомена корупцијата во земјата, но додаде дека итниот економски развој е можен само со владеење на правото и почитување на слободата на информирање.

Би можело да ве интересира

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим