Германскиот претседател е во карантин, чека резултати од тест за Ковид-19

Од:

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер е во карантин, откако еден припадник на неговото обезбедување бил позитивен на коронавирусот, потврди портпаролката на Штајнмаер и рече дека се чекаат резултатите од тестот на претседателот.

Германскиот претседател требаше да се појави на доделувањето на наградите на Саемот на книгата во Франкфурт, но неговата посета на овој настан беше откажана.

Во Германија во претходните 24 часа се регистрирани рекордни 7.830 новозаразени и 33 починати лица, објави Институтот „Роберт Кох“.

Од почетокот на пандемијата, во Германија има вкупно 348.557 случаи на Ковид-19, од кои досега починале 9.767 лица.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени