Германскиот министер за одбрана во ненајавена посета на Авганистан

Од:

Германскиот министер за одбрана Томас де Мезиер пристигна во ненајавена посета на Авганистан, што е негова седма посета на оваа земја, откако ја презеде функцијата, пред 16 месеци.

Де Мезиер ќе ја посети воената база во северната авганистанска провинција Кундуз, каде е распореден најголемиот дел од германскиот контингент во Авганистан.

Од почетокот на оваа година германските војници, кои се во составот на меѓународните сили во Авганистан, под команда на НАТО (ИСАФ) се подготвуваат за повлеклување. Нивниот број е намален од 5.350 на 4.800 лица.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Талибанците го прогласија за национален празник денот кога замина последниот американски војник