Германскиот канцелар Шолц на четиридневна турнеја низ Јужна Америка

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска заминува на четиридневна турнеја низ Јужна Америка. Тој ќе ги посети Аргентина, Чиле и Бразил. Ова е негова прва посета на регионот откако е на чело на германската Влада од крајот на 2021 година, јави ДПА.

Првата станица на социјалдемократот е Аргентина, утре ќе оди во Чиле, а потоа во дводневна посета на Бразил – најголемата и најнаселена земја на континентот. Сите три земји во моментов се предводени од левичарски лидери.

Канцеларот сака да ги прошири меѓународните контакти на Германија и да ја намали нејзината енергетска зависност од Русија по нејзината инвазија на Украина. Поради ова, Шолц трипати беше во Азија и имаше голема турнеја низ Африка.

Јужна Америка има големи наоѓалишта на суровини, вклучувајќи го и литиумот, кој е важен елемент за производство на електрични возила. Европа се бори да ја намали својата зависност од Кина за клучните минерали за да ја постигне толку посакуваната јаглеродно неутрална економија – минерали со кои континентот е богат.

Канцеларот е придружуван од бизнис делегација од десетина менаџери.

Посетата ќе се фокусира и на закочените преговори за слободна трговија со земјите на Меркосур, меѓу кои се и Аргентина и Бразил. Овие две земји се членки и на Г-20, унијата на 20-те најголеми светски економии.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Седум загинати во тешка сообраќајна несреќа во Германија

Ана Ололовска

Левичари запалиja салон за автомобили во Германија

Горан Наумовски

Пропадна референдумот во Берлин, не излегоа доволно гласачи

Горан Наумовски

Маж во Хамбург уби човек, а потоа се самоуби

(ВИДЕО) Протести за климата во Германија, активисти ги блокираа мостовите во Хамбург

ВИДЕО: Возач на автомобил газеше пешаци на аеродром во Келн, има повеќе повредени

Ана Ололовска