Германски терористи сакале да киднапираат министер

Од:

Германската полиција ја уапси Елизабет Р., а Обвинителството се сомнева дека таа е водач на група терористи чија цел е да ја дестабилизираат Германија и да киднапираат министер.

Таа терористичка група планирала да ја оштети и уништи постројката за снабдување со електрична енергија, а планирала да го киднапира и министерот за здравство Карл Лаутербах.

Групата се нарекува себеси „Обединети патриоти“, а Елизабет Р. имала водечка улога во административниот дел на таа терористичка организација, која беше разоткриена во април, соопшти обвинителството во Карлсруе.

„Таа беше задолжена за координација и реализација на плановите, учествуваше во набавката на оружје и бараше што побрзо спроведување на плановите. Работела и на регрутирање нови членови“ тврди германското Обвинителство.

Би можело да ве интересира

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден

Двајца Таџикистанци чии имиња се појавија во списокот со терористи, не се вмешани во настанот

А1он

ФСБ: Четворица терористи уапсени во близина на границата со Украина

А1он

Уапсени неколку од терористите кои го извршија нападот во Москва

А1он

Шведската полиција уапси четворица терористи

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала