Германски пратеници се противат на одлуката на Трамп за повлекување не 9.500 американски војници од Германија

Од:

Двајца видни пратеници, членови на конзервативниот блок на германската канцеларка Ангела Меркел, ја критикуваа одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да и нареди на војската да повлече 9.500 американски трупи од Германија.

По оваа одлука во земјата ќе треба да останат 25.000 од сегашните 34.500 војници.

-Плановите повторно покажуваат дека администрацијата на Трамп ги запоставува елементарните задачи на лидерството – вклучување на сојузниците во процесите на донесување одлуки, рече Јохан Вадефул, портпарол за надворешна политика на пратеничката група ЦДУ / ЦСУ.

Сите партнери на НАТО имаат корист од кохезијата на Алијансата, а од несогласувањето корист имаат само Русија и Кина, рече тој, додавајќи дека „на ова во Вашингтон треба да се посвети поголемо внимание “.

Вадефул, исто така, ги повика Европејците да се разбудат и подобро да се позиционираат во однос на безбедносната политика.

Германското Министерство за надворешни работи засега не излезе со коментар.

Андреас Ник, кој исто како и Вадефул, е член на парламентарната комисија за надворешна политика, за Дојче веле изјави дека има индиции дека „одлуката не е техничка, туку е чисто политички мотивирана“.

Неименуван американсии претставник , вчера посочи дека одлуката е резултат на повеќемесечна работа на началникот на Генераштабот на американската војска, генерал Марк Мили, и дека не е поврзана со моменталните тензии меѓу Трамп и Меркел, што го спречија планот на американскиот претседател овој месец да одржи состанок на Г-7.

Евентуалното повлекување на дел од американскиот воен контингент од Германија за првпат го соопшти „Волстрит џурнал“, ставајќи го овој потег во контекст на односите меѓу Берлин и Вашингтон, кои често пати се напнати за време на администрацијата на Трамп.

Трамп врши притисок врз Германија да ги зголеми трошоците за одбрана и го обвинува Берлин дека е „заробеник“ на Русија заради нејзината зависност од руската енергија.

Би можело да ве интересира

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Планот на Трамп за Украина ќе започне со притисок врз Москва и Киев да преговараат

Горан Наумовски