Германски политичар побара основачите на „Бионтек“ да бидат на новите евра

Од:

Во потрагата по нов дизајн за идните банкноти на еврото, Европската централна банка (ЕЦБ) доби занимлив предлог од Европскиот парламент.

Имено, германскиот политичар од редовите на Слободните демократи, Мориц Кернер побара основачите на „Бионтек“ – Угур Шахин и Озлем Туречи, да бидат на една од банкнотите. Се работи за изумителите на „Фајзер“ вакцините.

– На новите банкноти треба да има важни европски личности како што е брачната двојка на основачот на „Бионтек“. Нивната работа ги спаси животите на милиони Европејци!, нагласи членот на ЕП за „Ди велт“.

– Нивниот животен пат е импресивна приказна за интеграција, напредок, претприемништво, научна извонредност и потенцијал на отворено имиграциско општество, додаде тој.

Дваесет години по воведувањето на еврото, ЕЦБ почна процес на редизајн на парите.

Мнението на јавноста ќе биде важен дел во процесот, но ќе минат години пред да биде завршен тој редизајн. Управниот совет на ЕЦБ во 2024 година треба да одлучи за печатењето нови банкноти и кога тие би биле пуштени во оптек.

Би можело да ве интересира

Германска компанија претстави лек против рак: Туморот престанал да расте кај сите пациенти

Предраг Петровиќ

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

Британската Влада и „БиоНТек“ потпишаа договор за развој на нови терапии против карцином

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Ана Ололовска

„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа