Германски министер предупредува за бегалски бран поголем од оној во 2015.

Од:

Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, предупреди на опасност од нов бегалски бран во ЕУ кој би можел да го надмине оној од 2015 година, притоа укажувајќи на потребата да им се помогне на земјите што ги чуваат надворешните граници на Унијата.

„Ние треба да им помогнеме на нашите европски партнери да ги контролираат надворешните граници. Ги оставивме на цедило премногу долго. Ако не го сториме тоа, можеби ќе доживееме поголем бегалски бран од оној во 2015. година“, изјави Зехофер за денешното издание на „Билд ам Зонтаг“.

Тој најави дека ќе разговара за мерки со новата претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со цел да се избегне ситуација како во 2015 година, додавајќи дека по однос на ова прашање ужива целосна поддршка на германската канцеларка, Ангела Меркел.

„Турција прави многу за сместување на бегалците. Тоа е во заеднички интерес. Мора да ги заборавиме проблемите од минатото и да направиме повеќе за Турција“, порача германскиот министер.

Зехофер, кој беше еден од најжестоките критичари на отворената политика на канцеларката Ангела Меркел кон бегалците, сега се залага Германија да прими повеќе бегалци спасени во водите на Средоземното море, дури секој четврти.

Би можело да ве интересира

Зехофер: Мора да знаеме кој влегува, излегува и кој се движи низ ЕУ

Жарко Настоски

ВИДЕО: На Британија викендов и се заканува најсилно невреме од 2013 година

Гранди: Светот под закана од бегалски бран поради климатските промени

Предупредување: Топлото време ризик од труење со храна

МЗШВ со предупредување до земјоделците и пчеларите поради најавите за невреме